Стар штос-нова будала!
Уште од детски денови ја памтам ова изрека, кога се смеевме кога некој ќе кажеше нешто познато демек е „штосен“, а испаѓаше будала и сите на глас се деревме „Стаар штос-новаа будала!“
Така ја сфаќам и хипер продукцијата на лажни вести или уште подобро кажано НАМЕРНОТО ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ кога некој се труди да ја измами публиката.
Зошто стар штос-нова будала?
Дистрибутерите на намерните дезинформации не откриваат топла вода, туку го користат тоа што многу добро знаат да го работат-производство и пуштање на лаги и намерни дезинформации.
Кога лагите на еден Центар за манипулации почнаа да се распознаваат и да се разобличуват и кога стана јасно дека тешко ќе поминуваат намерните дезинформации, пренесени преку „куририте“ и „куртоните“, прејдоа на „некст левел“, односно тие да ги пренесуваат „авторитетни новинари“, а „куририте“ и „куртоните“ да ги споделуваат заедно со армија партиски ботови. Многу јасна и актуелна ситуација.
И сега парановинарите се на цена. За нив реагираат и се трескат од земја „авторитети“ дека им загорозена слободата на говор, им се вршат притисоци и така натаму и така натаму. А никој не се прашува од тие силни „авторитети“ дали големите парановинари во нивните ексклузивни и бомби текстови се придржуваат до петте свети новинарски правила-КОЈ, КОГА, КАДЕ, КАКО И ЗОШТО и малку да погледнат за да видат дека се секојдневни муштерии на Советот за етика.
Е, токму тие се стариот штос, а публиката е новата будала, па и сите ние.
Но, по се изгледа ќе треба работите да се свртат поинаку-„Штосаџиите“ да бидат будалите, а „будалите“ да ткаат штос со убав штоф.
И уште една за крај: да не дозволиме лагата подолго да се памети од вистината, а неписмените и создавачите на намерните дезинформации нека живеат во нивниот свет на лаги и манипулации и да не им дозволиме да излегуваат од нивните подземни дупки, бидејќи само таму им е местото.
Фб статус на Ристо Тасев