Таравари: Вмровци, ако уште сте исплашени, ви препорачувам веднаш да се јавите на психијатар

Министерот за здравство Арбен Таравари преку Фејсбук одговори на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека е виновен за двата смртни случаи од хеморагична треска. Неговиот одговор ви го пренесуваме во продолжение:

Одлучив да одговорам на барањето на ВМРО-ДПМНЕ, во која се бара мојата оставка, не поради тоа оваа, туку затоа што сфатив дека не ја сфатиле како што треба ситуацијата.

Сите членови на оваа партија најпрво јас ги гледам и ги трeтирам како граѓани и имам должност да ги смирам во случај кога ќе има паника.

Сите жители на Република Македонија разбраа, фала му на Господ, се е под контрола.

Граѓаните се паметни па затоа одлучија да и веруваат на изјавата од цела армија на компетентни лекари, не знам што ве тера вам да не се смирите!

Повторувам со професионална и морална одговорност дека тажниот случај на двата изгубени животи во Гостивар, беше резултат на една акутна вирусна инфекција, но за среќа успеавме да изолираме и не само тоа, туку и 7-те пациенти кои биле во контакт со веќе починатите, се надвор од животна опасност, дури и самата епидемија нема ризик да се активира на пандемично ниво.

Ова е последен пат да ја повторам оваа изјава, во случај, членовите на оваа партија да излегуваат повторно дека уште се исплашени, во тој случај треба вендаш да се јавите кај специалисти психијатри, бидејќи сум оптимист дека ќе најдете решение.

Кога степенот на паника е висок, ја заматува логиката, го зголемува хипокондризмот, причинува тешко дишење и е потенцијален ризик за губење на контрола.

Ако овие лицата, поради некоја причина се наоѓаат во вакви околности, не треба да се чувствуваат депресивни или безнадежни бидејќи лекарите специјалисти би ви помогнале многу.

Истакнувам дека лекарите, за разлика од Луѓето од Законот (Судиите) треба да ги спасат сите, а што се однесува до Законот тука не можеме да ви помогнеме. Секој нека си одговара за тоа што направил за време на 11 годишното владеење на ВМРО, за добро или лошо!

Ви благодарам и јас немам намера да потрошам веќе од моето време, кое треба да им ја посветам на граѓаните на оваа земја!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e