Стигнавме на два крупни чекори до целта…

Во изминативе две ипол години од месец во месец сè појако и појако го затегаме обрачот околу оваа владеачка гарнитура за која повеќе немам зборови, и која во изминативе 11 години наметна сопствена етика и логика и функционираше и опстојуваше врз база на истата. Стигнавме на два крупни чекори до целта…

Првиот, формирање на функционална влада, а вториот е ДРАСТИЧЕН РЕЗ во правосудниот систем кој тотално разочара во изминативе две ипол години, односно формирање на нова влада и комплетна демонтажа на режимските инсталации од сите државни институции.

Тогаш на виделина ќе излезат вистинските криминали, злоупотреби, и неетичкото практикување на власта. Тогаш кога никој повеќе нема од нив да се плаши и тогаш кога ќе ги немаат инсталациите во ситемот односно ќе нема кој да ги покрива.

Но тоа ќе биде само рутина во наредните 2 години. Сега е клучно НАЈ ТЕШКОТО!

ФОРМИРАЊЕТО НА НОВА ВЛАДА!

Формирње на нова влада чии што прв приоритет треба да биде пресметка со криминалот, корупцијата, злоупотребите и сèвкупно сè она што се нарекува МЕТОДИКА НА ГРУЕВИЗМОТ. Тоа ќе биде морална сатисфакција на сите оние кои сиве овие години останаа чесни. Тоа ќе биде исто така и добар пример за идните генерации како треба а како не треба а како не треба да се однесуваат во животот.

И се разбира…

ОВА ЗЛО НИКОГАШ ПОВЕЌЕ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!

Фејсбук статус на Зоран Јовановски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e