Не ја дочекав Новата година, заспав, но таа сепак дојде. Што е уште еден доказ дека малку работи на овој свет зависат од нас. Тие се случуваат, сакале ние или не, ги чекале – или не. Што би требало да ни влее голема доза оптимизам. Замислете да зависеа од нас.
Додека ја одвиткував последната сарма за годината и се борев да не потемни мајонезот во руското влијание на трпезата, ми текнува на онаа прекрасна мисла на најпознатиот филозоф на денешнината – Симе Синапов, кој рекол дека сите ја чекаат Новата година, оптимистот возбуден што ќе му донесе следната, а песимистот да се осигура дека старата заминала.
Ние што заспиваме предвреме не значи дека не сме ни песимисти ни оптимисти, само имаме низок притисок и високи очекувања од сонот.
Не би сакал да звучам песимистички, но го гледам, на пример, списокот со цели за минатата година и заклучувам дека има многу вистина во оној рекламен спот со вперен прст во мене и со заканувачки слоган – Ти си Македонија! Единственото во што успеавме и јас и Македонија во 2017 година е што се ослободивме од Никола Груевски без жртви. Килажата, на пример, ми пораснала обратнопропорционално од македонската економија, примањата и понатаму ми се ниски, но стабилни ко курсот на денарот, а од односи, и понатаму најчесто практикувам односи со јавноста.
Госпоѓо Могерини, ако мислите дека 2017 година била тешка, чекајте да ја видите 2018. Зашто, Балканот не е мртов. Тука секогаш има добра журка. Нема лесни години
Сепак, тоа не е причина да не верувам дека и за мене и за Македонија најлошото помина и дека во најлош случај може само да не биде подобро. Иако, длабоко во себе, како и секој Балканец постар од претшколска возраст, знам дека секогаш може да биде и полошо.Тезата, на пример, на високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, дека 2017 година била тешка за Балканот може само да значи дека таа релативно кратко време се занимава подетаљно со нашиов полуостров. За Балканот важи онаа истата крилатица што важи и за возрасните луѓе: Ако се разбудиш еден ден и не те боли ништо, тогаш сигурно си мртов.
Госпоѓо Могерини, ако мислите дека 2017 година била тешка, чекајте да ја видите 2018. Зашто, Балканот не е мртов. Тука секогаш има добра журка. Нема лесни години.
Целата колумна на Сашо Кокаланов објавена на Призма, прочитајте ја тука