Спасов: Опозицијата не прифати он лајн работа на Собранието само за да може да уценува и блокира

Срамно однесување на опозицијата
Деблокирањето и ефикасноста на Собранието се поважни од било какви приговори на опозицијата. Честитки и напред. Граѓаните почитуваат одговори, а не изговори.
Опозицијата се демаскира себе си само во улогата на чинител кој само со парализа на работата на Собранието и со влошување на состојбата во земјата мисли дека ќе добива зголемена подршка.
Во време на пандемија не прифати светска норма за безбедна работа и донесување одлуки на Собранието он лајн само за да може да уценува, блокира и да се радува на секој новозаболен пратеник од парламентарното мнозинство.
Тоа е срамно однесување.
И нека останат во убедување дека се во право и дека другите грешат. Но нека не се закануваат напразно бидејќи тие се однесуваат неморално и ги кршат сите норми на човечноста и на парламентарната демократија.
ФБ статус на Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e