Нашата земја благодарение на Заев и на неговиот тим се зафати и реши тешки прашања од важност за нашата иднина. Сите европски земји признаа дека има напредок и дека сме на прав пат. – пишува Ѓорѓи Спасов на својот Фб профил.
Не се доби датум од други причини. И тоа е само мотив, но и должност на овој тим околу Заев да продолжи со промените и реформите до крајот на мандатот.
Не е време за дефетизам и разочараност. – појаснува професорот од Правен.
Не ги правевме реформите и промените само заради членството во ЕУ туку за подобри односи со соседите за подобар меѓународен углед на земјата, за поголема стабилност и безбедност, за одбрана на македонскиот национален идентитет и за подобри резултати на македонската економија. А тоа е постигнато.
Оној што повикува на “последна пресметка”со власта нека понуди прво друг избор за понатаму. Да видиме што предлага и каде води.
Потоа ќе размислуваме за избори. – пишува дипломатот Спасов.