Софија Куновска ја осуди доизградбата на споменикот на Мајка Тереза – „Карикатурата нека биде комплетна“

Поранешната советничка во Град Скопје од редовите на СДСМ, Софија Куновска, со остра критика за најавата дека ќе се довршува споменикот на Мајка Тереза на Плоштад Македонија. Таа смета дека не станува збор за културна политика, туку за евтин популизам и обид за лична кампања на сметка на јавните пари.

Во објава на ФБ, Куновска пишува дека „културата не е бетон и бронза, туку инвестиција во ум, визија и идеи“, и предупредува дека Скопје нема да стане метропола со доградба на, како што вели, „заборавените скелети“.

Во ум, во талент, во визија, во идеи со кои ќе се натпреваруваме со светот. Во нешто што ќе не препорачува за најдобри на светот.
Скопје нема да стане метропола со доградба на заборавените скелети. Ќе остане завиткан во лепливата прашина, кич и урбана смрдеа ако и понатаму го водат луѓе без визија, без слух и без срам.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e