Немало и никогаш повеќе нема да има поголеми шалабајзери и политички аналфабети од овие бандити во Владата на ДПМНЕ и ЗНАМ, слугите на ВЛЕН.
Надворешна политика, тапа – пораз до пораз на дневна основа.
Безбедносната состојба никогаш полоша – убиства, криминал, насилства, пожари, безредие и хаос како во најдобрите денови на Дивиот Запад.
Енормни и досега невидени финансиски задолжувања кои се закануваат со банкрот на државата.
Скандалозна стратегија за образовниот систем, со кој Владата ќе ги пренаменува училиштата во старски домови.
Галопирачко осиромашување на граѓаните.
Отчоечени владини и партиски функционери од владејачкото мнозинство.
Системското и систематско уништување на државата во режија на ДПМНЕ, продолжува се’ до нејзино конечно бришење од картата на светот.
ДПМНЕ е канцерот на Македонија!
ФБ став на Зотран Милошески