Скоро си ја повторував анализава, ама со ситуацијава стана пак актуелна:
Просечен македонски геополитички аналитичар на ФБ 🙂 – поддржува Британија да замине од ЕУ, за Унијата да си пукне од мака, ама не поддржува никакви други референдуми за независност, а Косово не е држава, ја мрази Америка оти е светски џандар, ама го сака Израел пошто ги мрази тоа гадните Палестинци, ги сака Русите, ама не би се преселил таму да живее (освен ако не добие пентхаус во Москва), го сака Ердоган, ама не сака баш забулени жени, ги сака Кинезите, ама не би баш да работи по нивни стандарди, тешко тоа, а и не би преживеал во тоа Пекингот без фејсбук…
Значи какви тепачки по коментари, какви мајки и шајки се изначитав за Ирак(н) – САД, абе нема тема за која македонските граѓани не се спремни да си извадат очи потковани со “аргументи” за и против, начитани, упатени детално во состојбите на блискиот Исток.
Притоа, паралелно со прогнозите за Третата светска војна се водат жестоки полемики околу лошата снаа Меган и папучарот Хари…
А надвор дожд, недела, јануари, убавини… и само еден единствен живот
ФБ статус на Катарина Синадиновска