Пред воопшто да можеме да бидеме шокирани од некаква европска непринципиелност или ставови на амбасадори што докрај не ги разбираме, можеби е подобро да го погледнеме домашното отсуство на основни принципи кога се стратешките државни интереси во прашање, отсликани преку интеграциите.
Дома имате една огромна партија и нејзина кандидатка за претседател што просто ликуваат на секаква можност да нема датум за преговори, оти власта за нив била и ќе биде поважна од државата. Истиве бојкотираа референдум, користејќи ги токму интеграциите како алатка за спас на сопствените задници! Да не се правиме луди…
Имате куп “бизнисмени” коишто на отворен пазар ќе пропаднат за еден месец оти знаеме како станале големи газди.
Имате претставници во власта со свои лични агенди што не можат да се остваруваат кога “сонцето е ѕвезда”.
Имате цели структури што се научени да живуркаат во матно, во нечесни битки, да се валкаат во калта, извадени од памет дека некој сака да запали светло.
Муабетот ми е – помалку глума, повеќе искреност. Со една таква “загриженост” сите ги следите вестите од ЕУ, чиниш не гледаме кој (се) сопнува, а кој навистина е тргнат натаму.
ФБ статус на Катарина Синадиновска