И шо не е овде јасно?

Првите велат, имаме мнозинство за нова Влада, вторите, не сакаме ново мнозинство туку предвремени избори, третите сакале да падне оваа Влада ама нема да учествуваат во новата, четвртите се за техничка Влада а петтите за било каква, само тие да бидат во неа.
Третите и четвртите немаат ништо против договорот со Бугарија, за вторите ЕУ е приоритет, првите се за договор со Русија и Кина, а петтите за сојуз со Куба и Северна Кореја.
Првите во Собрание го скапаа од ќотек лидерот на третите, кој заедно со лидерот на вторите и четвртите го поддржува Преспанскиот договор, кој, пак за првите е реалност, а за петтите научна фантастика.
Вторите се за федерализација на државата, првите скандираат „Смрт за Шиптари“, четвртите од собраниската говорница ја пеат албанската химна, за петтите пак, вторите и четвртите се автори на „Тиранската платформа“, а за третите првите се националсоцијалисти а петтите комунисти.
Ова е идеолошката матрица на петте партии кои заради, како што е забележливо, потполно идентичните гледишта и политички ставови, се наоѓаат на чекор од составување нова Влада.
И шо не е овде јасно???
#КоалицијаСточенПазар
ФБ статус на Зоран Милошески

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e