Најзагрозени во Собранието не беа здравите туку болните пратеници што мораа да дојдат да гласаат – место да се лечат дома
Претседателот Стево Пендаровски само бекнал пред „стопанот“ (Зоран Заев), а лидерот на политичкото подземје Христијан Мицкоски „грмел“.
Вака се гледа себеси во огледало лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и се лаже дека е некаков си фактор во општеството, дека се тресат сите од неговата политика, дека контролира нешто во Македонија, дека грми, а поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ и јавноста тоа го сакаат. Додека не се сети Никола Груевски дека треба да го исклучи од „струјата“ за да не ѝ прави повеќе штета на партијата, Мицкоски нема да грми, туку ќе го загадува политичкиот простор, така како што го правеше тоа изминатите неколку месеци додека трае здравствената криза.
Ако се тргнат настрана откриените финансиски афери, за што јавноста му е благодарна бидејќи тоа е работа на опозицијата, останува иритирачката, примитивна, приземна и несоодветна реторика за еден лидер и политичар. Последната реакција за потписот на претседателот Пендаровски на мерките за економска помош не е само омаловажување кон највисоката функција во државата, туку и омаловажување на сите оние кои го избрале, сите оние кои ги претставува и омаловажување на самата држава – на ниво на чашка муабет од зачадена кафеана каде што се собира најевтина клиентела.
Ваква реакција се очекуваше секако од Мицкоски кој инвестираше со месеци во политичката блокада на Собранието сакајќи така да ја урне владата, но викендов доби шлаканица.
Целата колумна на Слободанка Јовановска за Независен на следниов ЛИНК.