Честитки до сите припадници на Армијата на Република Северна Македонија! Донесени се измените на Законот за служба во Армијата со кој обезбедуваме:
-месечен додаток за станбено обезбедување од 7.000 денари
-Можност за порано заминување во пензија со износ од 80 % од десетте најдобри години, систем што функционираше само во МВР
-стипендирање на дефицитарни кадри
-можност воено-медицинскиот персонал да работи и во државното цивилно здравство
-повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата
-повисоки отпремнини за пензионирање.
Благодарност до парламентот што ги изгласа овие суштински измени!
ФБ статус на Радмила Шекеринска