Шакири: Дали рушењето на пола Украина да се нарече агресија и злосторство или „ослободување“?

Ми вели еден „аналитичар“, во врска со руската агресија или „специјалната операција“ како тој ја нарекува навлечен на наративот на Кремљин дека „ние“ сме биле пристрасни во целава ситуација (кои сме тоа „ние“ ќе оставам за другпат).
– Точно велам, барем за себе признавам, пристрасен сум според едната од дефинициите за пристрасност, „се ставам на нечија страна“, се ставам на страната на борбата против Злото. Според другата дефиниција пристрасноста значи засновање на необјективност, па го прашувам дали после се она што го видовме дали тој е објективен нарекувајќи ја руската агресија „специјална операција“? Дали рушењето на пола Украина, цивилните жртви, жени, деца, дали е објективно тоа да се нарече агресија и злосторство или „ослободување„?
– Барем новинарите вели треба да бидат неутрални…
– Хахахаха, слатко се изнасмеав, па посочив на нешто што е милион пати до сега кaжано.
– Неутралноста е мит, таа не постои и никогаш не постоела. Енциклопедиски таа се дефинира како „не заземање страна при одреден конфликт“. Може ли човек во денешно време да биде „неутрален“, може ли во борбата помеѓу Злото и Доброто човек да остане неутрален? Се разбира дека не, затоа што тие што не ја помагаат вистината против лагата, правдата против неправдата тие ја помагаат лагата, ја помагаат неправдата. Кој не помага во борбата на Доброто против Злото тие не се неутрални, тие се на страната на Злото. Секој од нас е слободен да одлучи на каде ќе се сврти, но едно е сигурно, секој од нас ќе се најде сигурно на едната страна, или на страната на Доброто или на страната на Злото, „неутрален„ не може да остане.
– „Пријателе“ му велам, одговори ми искрено на едно прашање, платен ли си да шириш руска пропаганда?
– Не вели, ова се мои гледишта.
– Тогаш си многу поопасен за општеството отколку што мислев.
– Како тоа?
– Па така, немаш способност да разликуваш добро од зло дури и кога ќе го видиш со свои очи.

ФБ статус на Ерол Шакири 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e