Шакири: Бесплатен автобуски превоз нема и нема да има

Бесплатен автобуски превоз нема и нема да има, добро ќе биде да се остават политичките инаети на страна и да се реализира БРТ кој беше оценет како одличен зелен проект. Кратка изјава од помошник директорот на ЕБОР, Иан Џенингс, колку е зелен проектот во последната реченица од изјавата.
„Навистина значи многу што во градот Скопје ќе се изгради првиот БРТ систем на целиот балкански регион. Првиот ваков проект во регионот ќе биде изграден во Скопје. Вреди да се спомене дека овој проект беше едногласно одобрен од нашиот борд кој мобилизираше 70 милиони евра од инвестицискиот фонд за линиите 1 и 2 за БРТ проектот. Исто така мобилизиравме преку 1,4 милиони евра дополнителен грант за техничка поддршка при имплементација на БРТ проектот преку тендери и договори за фазите на имплементација на двете БРТ линии како и визибилити и концепт дизајн за линијата 2. Пресметано е дека овој БРТ систем во просечно времетраење на проектот од 17 години ќе му заштеди на градот Скопје околу 11 800 тони ЦО2, 49 тони нитроген оксид и 5,2 тони ПМ честички кои се главниот контрибутор за загадувањето и респираторните болести.
Поедноставено, овие цифри значат 35% редукција на ЦО2, 43% редукција на нитроген оксидот и 92% намалување на ПМ честичките“.
ФБ статус на Ерол Шакири

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e