Се огласи сменетиот Претседател на ОО СДСМ Ѓорче – тој е и актуелен пратеник во Собрание

Зоран Заев вчера објави дека како претседател на СДСМ ги разрешува сите 78 претседатели на општинските организации на партијата, а меѓу нив е и пратеникот во македонското Собрание, Костадин Ацевски, кој го предводеше локалниот огранок на Ѓорче Петров.

Пратеникот по објавената одлука на премиерот на Македонија побара обединување во партиските редови и нов почеток со свежи сили, обидувајќи се да го крене моралот на партијата.

„Другарки и Другари, Ви благодарам на подршката, пожртвуваноста, лојалноста… Ви благодарам на се што направивте до сега, и на се што ќе направите од сега, за партијата и државата!

Почит до небо и поклон до земја!!! Функциите се менливи и минливи, нашето единство, другарство и посветеноста на СДСМ, не!!! Продолжуваме сите заедно напред, поединствени од било кога!!!“, објави Ацевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e