Се јави Шопенхауер од Кривогаштани

Ви пренесуваме дел од колумната на Ерол Ризаов за „Независен“:

-Се јави малиот човек од Будимпешта со голема мисла, да ги охрабри своите следбеници во татковината да победат во битката за правда, што ќе го врати назад како Дон Кихот јавнат на Розинант за да го обнови времето на рицарите и феудализмот.Во двобоите со ветерниците се бара реставрација на тиранијата. Никола Груевски го цитира големиот германски филозоф Артур Шопенхауер: „За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена“. Ете тоа ти се вика „велике мисли малих људи“ кои се најголеми жртви на сопствените лаги.

Човекот во егзил, во својата осаменост го идеализира својот беден учинок умислувајќи дека неговите големи достигнувања во ограбување и силување на татковината не можат да бидат признаени од тие што не го постигнале истото. Се гордее со своето незнаење цитирајќи го Шопенхауер на навредливо погрешно место, претставувајќи се сè уште како голема личност, безмалку дисидент во прогонство. Груевски изигрува Шопенхауер од Кривогаштани, небаре е Хамлет од Горно Дупени. Неговите злодела се толку големи што мислата на познатиот филозоф би морало да ја толкува и како: „За да се осудат туѓите грешки, прво треба да се признаат и осудат сопствените“.

Е, токму тоа го прават неговите бедни остатоци во земјата. Судат за туѓи грешки, а молчат за своите злодела кои цели 11 години ги уништија и деградираа сите вредности и личности кои нешто направиле за својата земја. Не остана ниту еден заслужен човек неоцрнет, кој не е во согласност со нивната идеологија. Сè е прогласено за непријатели, предавници, кодоши и странски платеници.

Целата колумна на „Независен“ на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e