Сарачини: 80 пратеници – Мицкоски плус Апасиев, Бачев, Грчева и компанија – Ќе помогне и војводата со ФБ статуси

КАКО МИЦКО ЗАМИШЉА 80 ПРАТЕНИЦИ

Мицкоски бара предвремени избори и доверба/гласови за 80 пратеници, за да го врати името Република Македонија, односно да не заглави уште некоја деценија во отворање на стари и затворени, но и нови меѓусоседски а и внатрешни спорови и поделби, во нова транзиција и агонија.

И пази бога ти, тоа го прави од позиција на лидер на партија, која со ниту еден збор ниту гест не се дистанцира од мошне свежото минато, кога неговиот почесен претседател, надвојводата од Будимпешта и неговата братучедија и началници ја заробија државата цела деценија, ги уништија нејзините вредности, институции, економија, образование, животна средина, урбанизам и архитектура, медиуми, ги потттикнуваа меѓуетничките и сите други поделби, го криминализираа и клиентелизираа општеството во секоја негова пора и структура, украдоа стотици милиони евра од кои само мал дел завршија во „бесплатно изградената“ палата, на најбогатата партија во Европа!

А како ќе дојде Мицкоски до 80 пратеника? Е па вака:
Мицкоски плус Апасиев, Бачев, Грчева и компанија, тоа се 1,2 милиона гласови против промена на името, кои сега ќе бидат за да се врати името. Ќе помогне и војводата со ФБ статуси. Метематички прецизно, нели така?

ФБ статус на Петрит Сарачини

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e