Салоу: Скарани со сите, најслаби од сите, ама во нашите глави најсилни, најбогати и подготвени да го враќаме Пирин и Егеј

Секој народ си ги бира своите лидери, па така повторно се враќаме таму каде што припаѓаме.
Скарани со сите, најслаби од сите, ама во нашите глави најсилни, најбогати и подготвени да го враќаме Пирин и Егеј.
Замислете: се носи одлука за кризна состојба, а во првите 24 часа држава членка на ЕУ, наш сосед, ни нуди мазут.
Нашиот одговор е: „Не, фала, доколку вие имате потреба, ние ќе ви дадеме“.
Па тогаш, зошто е прогласена кризна состојба ако имаме мазут и за Бугарија?
Дали целта е набавка по кратка постапка и со директно преговарање?
Дали тоа отвора можност за „процент екстра“ за оној што ја договара цената
Ваквата тврдоглавост нѐ донесе во ситуација да мораме да прифатиме сè што ќе ни стават на маса.
Ваквата тврдоглавост донесе протести, насилство и огромен притисок однадвор.
И ова ќе продолжи…
Креирај слика дека никој ништо не ни може, покажувај сила врз помалите етнички заедници, креирај вештачки непријатели, држи го народот во неизвесност.
Толку е потребно за да се задржи власта во оваа држава.
Знаете што донесе ваквата тврдоглавост во многу поразвиени и поголеми држави?
Грција, поради финансиската криза, продаде:
-14 регионални аеродроми
-Пристаништето во Пиреј
-Државно земјиште и туристички зони
-Автопати
Шпанија продаде банки, земјиште и автопати. Истото се случи и во Португалија и Италија – и тоа само во поновата историја.
Добро е да се вратиме во реалноста што е можно побрзо. Денес, ако може, затоа што утре може да биде предоцна.
ФБ став на Фуркан Салиу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e