Решен првиот комунален проблем – „Северна“

Македонија доби нова локална власт, но изборот на оној што ќе раководи со Скопје ја разниша централната. И, додека аналитичарите, медиумите и народот се занимаваат со погодување кој ќе го наследи актуелниот премиер, новите општински „татковци“ и (две) „мајки“ наскоро треба да почнат да го реализираат она што го ветуваа во кампањата. Да покажат дека се различни од претходните, дека навистина (како што тврдеа) ќе понудат нешто подобро и нема да ги натераат своите избирачи до половина од мандатот да се покајат што ги гласале.

И општинските совети полека почнуваат со конститутивните седници. Сите претходно се колнеа дека ќе работат за доброто и во интерес на граѓаните, транспарентно, одговорно и во согласност со законот. Ајде да видиме. Би било убаво ако во овој мандат транспарентноста се манифестира со тон и со слика. Но, почетокот веќе го навестува крајот на тие ветувања.

……..

додека граѓаните се расфрлаат со „браво“ и „уа“ по социјалните мрежи за овој популистички и незаконски чин во општините (затоа што на локално ниво не може кој што сака да си прави, туку мора да почитува закони), новоизбраните не треба да заборават зошто се тие сега таму каде што се – за да ги решаваат секојдневните комунални, инфраструктурни, сообраќајни и слични проблеми на нивните жители. „Северна“ не е меѓу нив.

Значи, да се асфалтираат улиците што не се асфалтирани, да се обезбеди безбедно движење на пешаците и велосипедистите, да не се гради зграда врз зграда, да нема ѓубришта на секој агол, да има вода и канализација во секој дом и, се разбира – бесплатно да се возат во автобусите. И уште безброј навидум ситни проблеми чие решавање ќе им го олесни животот на луѓето. Толку!

Целата колумна на Ана Стојковска за Слободен печат на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e