Реџепи: Ако граѓаните не направат разлика ќе имаме повторно фејк архитектонски решенија, кич и шунд

Дали Данела имала бугарско државјанство, не ми влијае врз одлуката во недела. Нема да им влијае ни на еден куп “патриоти” кои ќе ја гласаат, а воедно имаат или сонуваат за истото.
Едноставно сакам Шилегов да добие следен мандат за да ги доизгради започнатите проекти: мостови, булевари и двете БРТ линии, за кои верувам дека се многу важни за превозот на граѓаните во еден голем град како Скопје.
Со Шилегов Скопје се освежи, се намали загадувањето, се зголеми зеленилото, тоа е моја лична перцепција, а на граѓаните е да направат разлика.
Ако не успеат, тогаш ќе продолжиме да живееме во нови фејк архитектонски решенија, кич и шунд, и да го гледаме градот како повторно станува провинциски центар – Скопје 2014-та втор дел.
ФБ статус на Јасмин Реџепи 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e