Пукна првата пушка во Кавадарци

Падот на ДПМНЕ е во сè подлабок нок-даун, како на централно, така и на локално ниво. Фрчат кривични пријави на сите страни. Корумпираниот систем се распаѓа. Сали Мемедов од Општина Кавадарци е првиот граѓанин, кој од позиција на сведок му зададе тежок нок-даун на актуелниот градоначалник Александар Панов, нок-даун со кој се покрена обвинение притив градоначалникот за дело „изборен поткуп за време на последните парламентарни избори“, дело кое што заврши со пресуда од 60 дневен притвор и парична казна од 25.000 денари,пресуда која што не е правосилна, но сепак ја разбранува јавноста во Тиквешијата.

Поголемиот дел од политички неопределените граѓаните на Оштина Кавадарци, моментот на пресуда против актуелниот градоначалник, го почувствуваа како ослободување од стегите на Груевистичкиот режим.

Со изјавата: „Градоначалникот ми даде пари да гласам за ВМРО-ДПМНЕ. Јас не сум од ниедна политичка партија. Ми рекоа да се потпишам на едно обично ливче’’, сведокот Мемедов, му даде аргументиран основ на судијата др. Лазар Нанев да донесе пресуда, а со пресудата која ја донесе, полека почна да се враќа вербата на граѓаните во судските органи.

Тврдењето на господинот Мемедов е едно од низата изборни нерегуларности за кои што говорев во изминативе неколку години со што се’ се служат активистите на ДМПМНЕ во изминатите неколку изборни циклуси, а притоа не се казнети од надлежните органи, туку напротив, заштитени од истите: купување на гласови; вршење на притиск врз јавна администрација; користење на ресурсите на јавните претпријатија за изборни цели; колективно гласање; бугарски воз; паралелни списоци; гласање на починати лица; гласање со лажни лични карти; гласање на лица од Пустец. Сето она што го алармиравме, еве полека почна да излегува на виделина.

Проектот „Вистината за Македонија“, на премиерот Зоран Заев, целосно го деконструира десетгодишното авторитарно владеење на Груевски. Социјалдемократскиот сојуз а и сите други партии кое се бореа против Груевски, не се бореа против партијата на Груевски, туку против целиот државен апарат: полиција; војска; агенции за разузнавање и контра разузнавање; министерства; агенции; администрација; буџетот на Република Македонија. Борбата беше долга, мачна и тешка, но сепак издржавме и на крај победивме, како што во целиот овој период на борба со режимот викаше еден мој драг пријател Васко Лазаревски, „На крај ќе победиме“. Тоа и се случува.

 

Целиот текст на Сашко Петров, советник и претседател на СДММ Кавадарци за Плусинфо прочитајте го тука

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e