Фашизмот во куси панталони” се појавува во времето на политичкиот пораз на феноменот за кој пишува професорот Грчев. Поканата за оваа промоција и примерок од книгата ги добив на 17 мај во 12 часот, точно во моментот кога почнуваше директниот пренос од церемонијата на која “Волот од Водно” му го доделуваше мандатот на Заев, а самата промоција вечерва ја одржуваме меѓу формирањето на новата влада и гласањето за неа во Собранието на Република Македонија.
Тие неверојатни коинциденции или вишок информации со кои располагале професорот и “Темплум”, ќе го вивнеа оваа издание во рангот на најпродаваните бестселери во секоја пристојна држава, а авторот и издавачот ќе ги собереа сите можни награди и признанија. Но, во Македонија работите стојат поинаку. За тоа сведочат и оваа камерна атмосфера, а и многу други релации меѓу делото на професорот и општеството на кое тој му се обраќа.
Зошто е тоа така!?
И зошто е така и во времето на фашизмот и во времето на победата над фашизмот!?
Луѓето сакаат да веруваат дека поразите и победите на историската сцена им доаѓаат од провидението, од вселената или од некои други таинствени заднини. Најмногу што можат во однос на очовечувањето на процесите е да ги префрлат сите заслуги за доброто и за лошото врз некој лидер, а најмалку можат да најдат некаква врска меѓу пишувњето на колумни и нивното влијание врз случувањата во општеството. Општо земено сакаат себе си да се гледаат како објекти на процесите, а не како субјекти.
Магнетната резонанца на професорската колумнистика, меѓутоа, ја открива врската меѓу македонскиот историски субјективитет и македонската драма. Односно открива дека националната катастрофа е резултат на внатрешните историски, политички, културни карактери и кондиции, а не на некаков светски заговор, на лошата среќа, или на домшните непријатели.
Втората врска, на прв поглед исто така е негативна. Јавноста сака да се движи по површината на нештата да се забавува или да ја забавуваат во појавноста на нештата, со други зборови обожава да се мами или да биде мамена. Тоа е затоа што потсвесно знае дека вистинските вистини не се добри и не се убави. Дури и денеска е така. И во најжестоките критики и повишени тонови, оценките се задржуваат на пљачката, на разорените институции, особено на правната држава и на културната основа како несомнено важни аспекти и импликации на вмровскиот фашизам, но недоволно за квалитетен одговор на прашањето каква катастрофа и се случи на Македонија, зошто и се случи и што се треба да направиме за да се вратиме во нормала.
Тие елементи ќе ги најдете кај професорот Грчев, во неговата нова книга, како во претходната. “Името на злото” и беше името.
Целиот текст на Бранко Тричковски прочитајте го тука