По објавата на социјалните мрежи во која портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, се служи со погрдни, вулгарни и сексистички изрази за новата министерка за финансии (Нина Групировка, Џирло Девојка), побаравме коментар од проф. Катерина Колозова:
„Групировка“ не се употребува во смислата во која Стоилковски сексистички испроектирал и исфантазирал дека се употребува. Групировката е главно политичко-полициско-мафијашка банда. На пример, амалгамот УБК-бизнис-Влада во време на Груевски беше групировка.
Нина е жена која сама, без припадност на никаква групација (или „групировка“ како што ја објаснив) успеала деловно, и тоа не со помош на елитите, туку наспроти елитите.
Во оваа земја (но и глобално) особено се омразени жените кои сами го создале сопствениот успех, со труд и без помош на мачо елитата.
Извор: ЦИВИЛ МЕДИА