Има луѓе на кои не им е проблем симболиката на Ќосето со изваден нож пред судовите. За нив судот и правдата треба да биде нож под грло. Тука негде почнува и завршува нивната граѓанска свест. Псевдопатриотизам и преки судови. Оди заколи го оној, зашто е предавник. И Ќосето оди и го коле. Без судење и без мозок. Тоа е несреќата на Младичот во Црнила, кога го убива Ѓорче Петров само зашто некој му кажа дека е предавник. Тој без да знае си го уби својот идол и спасител. Уби невин човек. Прашање е колку вистински патриоти убил Ќосето на истиот принцип. Еве предлог…
Ќосето оди на клупа за резерви, па се распишува светски конкурс за скулптура на тема ПРАВДА и најдобрата од сите ќе го смени Ќосето. Нека биде тоа ремек дело и симбол на едно ново и чесно македонско судство.
Сашо Тасевски