Ај да беше услов за влез во НАТО и ЕУ, промената на имињата на двете основни училишта во Чаир, и некако да разбереме.
Ама не е. Вака, не, другарчиња од ДУИ.
Ова е класичен пример за национализам, и ништо друго.
Впрочем, вие и само тоа го правите изминативе години, зошто ништо друго немате да понудите.
Дечињата што учат во овие две училишта апсолутно ништо не добиваат со ова. Зошто на пример, да не им се реновираат училиштата, да им се направат подобри услови за учење, современи кабинети, спортска сала и сите дечиња да видат аир и благодет.
Вака никогаш повеќе нема да ќарите политички поени, затоа што денешните генерации Албанци ве прочитале.
Не е лошо да пробате со корисни политики за сите граѓани, затоа што со парите од сите нас, функционирате.
Помина времето на национализам.
Томе Милошевски, долгогодишен началник во МВР, и помошник министер