Политичка криза!?! Пуста желба

Во Македонија нема политичка криза … Овде периодов се случува ПОЧЕТОК со расчистување со криминалот и корупцијата! Се разбира дека не е пријатно оти не сме навикнати на овие процеси. Затоа ни се чини дека е политичка криза!? Оти ние само за политички кризи и знаеме…

Од друга страна, не е исклучено дека во нечии глави постои желба да има политичка криза. Тоа се истите тие кои ги опишувам во овој текст, за кои, во случајот на Македонија – Светската банка одамна напиша анализа, која сум ја цитирал повеќе пати – ”во Македонија постои група на луѓе и компании кои цело време ја буткаат земјата во зона на ”ниска реформска рамнотежа”, состојба која се одликува со појавна форма – демек нешто реформски се случува, а всушност ништо не се случува”!

Тие групации не сакаат реформи … Тие не сакаа НАТО членство, а денес, откако не по нивна волја влеговме во алијансата велат, НАТО може, ЕУ не мора …!? Многумина од нив се спонзори на деструктивни процеси на политичката сцена.

Зошто би била Македонија во политичка криза? Кои би биле карактеристики на таа криза? Кој ја предизвикува или предизвикал!? Имајќи ги во вид овие прашања, не гледам никакви елементи на политичка криза освен ако некој во опозицијата, можеби во делови на власта (што како дефект во власта е евидентно од првиот ден на формирање на Владата во 2017 година), или во некакви таканаречени интелектуални и бизнис кругови (кои претендираат на позицијата како независни!?), имаат проблем што, на пример, сакаме тоа да признаеме или не, периодов почнува енергична борба со криминалот и корупцијата, а во таа борба не се бира партиска припадност, или друга клановска припадност! И тоа е одлично што ни се случува!

Како што забележувате, драги пријатели, некако сите сме ”забезекнати” и изненадени од тешките последици кои се директен производ, со свои конкретни појавни форми, на еден долго очекуван периодот на упристојување на оваа држава! Доаѓаат тие времиња! Да …ваквите периоди, секако, дека си имаат своја голема цена. И политичка, се разбира. Таа цена ја платија речиси сите држави кои решително зачекорија кон евроатланските интеграции и успешно стигнаа до целта (прием во ЕУ).

Целата колумна на Љупчо Зиков за Капитал на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e