Дир Сашо,
Човек без пасош е како човек без нозе, без очи, без бели дробови, без срце, дури и без слепо црево!
Не им го давај.
Дај им се самиот себе.
Подобро е да си во “Шутка” со пасош, отколку да си надвор без патна исправа.
Седиш во ” Воденица”, кафеаната празна, кој отишол на Халкидики, кој отишол во друг правец, пиеш кафе, ако ти дадат да пиеш, но ти фали плавата или црвената, не знам, книшка, да ја листаш и да се потсетуваш колку гранични премини си совладал и колку жени си свртел таму кај што си бил, колку пари од која дестинација си довлекол или си однел.
Кој ќе ти ја надополни таа празнина!
Никој!
Бранко Тричковски