Под површината

Пред некое време, некаде во Брисел, прашуваат еден мој пријател: „Како е во Македонија?” „Па…добро е”, одговара пријателов. „Може ли малку поконкретно, подетално, што е тоа толку добро”, инсистираат од Брисел. „Ааа…во детали ли ве интересира? Е, не е добро.”

Имам впечаток дека некако пребрзо и прелесно прогласивме „впловување во мирни води“ за македонската политичка сцена. Иако навидум големите прашања ги затворивме и сега сме свртени кон посекојдневни, но никако помалку суштински, проблеми, по сите оски по кои сметаме дека неповратно сме го поминале нашиот Рубикон, мислам дека постои опасност од повторна криза. Точно е дека, како што покажаа и претходните претседателски избори, граѓаните не сакаат да го менуваат правецот во кој се движи нашето општество, туку само брзината со која тоа се случува. По таа аналогија, исто така е точно дека темите со кои сега се бавиме изгледаат тривијални во споредба со наративот од пред неколку години. Ако претходно зборувавме за тоа кој следен ќе биде под удар на полицијата, кого ќе осудат, дали некој нов медиум ќе биде купен, дали некој новинар ќе заврши во затвор, до каде ќе одат бомбите, дали ќе се запали Собранието, сега темите се различни: колку брзо ќе одат реформите, дали ќе добиеме датум за преговори со ЕУ, колкави промени во власта се доволни, дали персоналниот данок треба да се зголеми, колку ќе расте економијата и слично.

Морам да признам дека не ми пречи промената на наративот – мислам дека како критичка јавност сме заслужиле еден период на здодевна политика, свртена кон реални проблеми наместо геополитичка криза. Сепак, не сум сигурен дека клучните прашања се суштински, и што е уште поважно, неповратно зад нас. Во нашето општество, низ катарзата која поминавме со промената на власта, Преспанскиот договор и натамошните меѓуетнички интеграции на партиите (особено со последните претседателски избори), изгледа дека сме ги затвориле главните прашања: (1) дали ќе бидеме демократија или авторитарна технократија, (2) дали ќе правиме сојуз со Запад или ќе кокетираме со Исток, и (3) дали можеме да живееме заедно со другите етникуми на суштински начин.

Целата колумна на Петар Арсовски за Дојче Веле на следниов линк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e