Нели му е срам на Мицкоски да зборува за „многудетно семејство“ како највисок патриотски чин, во земја каде семејствата не можат од први до први да ги покријат сметките, киријата и храната? Нели му е срам на Мицкоски да зборува за „иднина“ после трагедијата во Кочани, убиството на Росица и нејзиниот татко, и масовните труења на кои сме изложени?
Ако навистина ни мисли добро, наместо патетични пораки за „патриотизам“ преку деца, ќе понуди услови за достоинствен живот денес, ќе обезбеди услови за работа, безбедност, здравје, правда.
ФБ став на Ирена Цветковиќ