Референдумот во недела ни остави голем простор за интерпретација на пошироката јавност. Неизлегувањето на поголемиот број на граѓани на гласање се толкува на различни начини, почнувајќи од политичката култура која ја имаме, отсуствувањето на голем број на граѓани во земјата, антипатијата према дел од политичарите што со децениии се дел од извршната власт а кои се препознаени со водење на државата со анти европски вредности, можеби лошото менаџирање на кампањата од страна на сите чинители се до бојкотот од страна на дел од граѓаните кои веруваат дека договорот со Грција е штетен и води кон губење на идентитетот на Македонскиот народ.
Меѓутоа овој дел е работа на политичките партии кои треба да анализираат и рефлектираат зошто народот во најклучниот момент каде се решава нивната иднина се токлу пасивни и индиферентни. Тие што излегуваа да гласат, процентуалниот помал број на граѓани(околу 35 %) без никаква дилема со над 90 % подршка беа за за договорот и влезот во ЕУ и НАТО. Меѓутоа не постигнатиот цензус од 50 % +1 очигледно ја отежна работата на пратениците.
Можеби една од најбитните пораките на народот према нивните преставници е да самите тие го решават овој проблем со оглед на фактот дека се работи за крупна одлука која треба храброст, доблест и визионерство према се. И заради тоа најбитниот дел на целата оваа приказна уште сега доаѓа. Гласањето на уставните измени во собранието. Моментално мнозинството ја нема доволната подшрка од 2/3‘ско мнозинстово или 80 гласа. Фали подршката на опозицијата.
Мислам дека сега е моментот на државничко однесување. Кај секој од пратениците пред актот на гласање, нека доминира рационалното пред емоциналното. Бидејќи овој е последниот воз каде или ќе го фатиме или засекогаш ќе чекаме во “чекалните“ се додека ни дојде некој друг воз кој патем нема никогаш да ни дојде веќе. Краткорочните интереси во никаков случај да не влијаат врз иднината и судбниата на оваа генерација на млади луѓе.
Со чекорот што ќе го превземат денес пратениците или ќе си ја пишуваат самите историјата или токму тие во страниците во историјата ќе се опишуваат како затајувачи на просперитетот и земањето на шансата за подобра иднина на младите генерации. Нема време за други опции како што се споменува одење на предвремените парламентарни избори. Решението мора да се најде во собранието помеѓу пратениците.
Неодамнешната историја на Британија со БРЕГЗИТОТ во секој случај нека биде референца на сите наши пратеници. Во Британија сериозно се зборува за можноста за втор референдум, бидејќи очигледно дури сега народот и политичарите што агитираа за излегување од ЕУ се свесни затоа што губаат со отцепување од Европската фамилија. Меѓутоа ние не сме Британија и во никаков случај не ќе ни дојде уште една шанса.
Поради тоа, на место на покајување после многу кратко време за се што може да се губи, оваа гарнитура на пратеници ја има златната и историска шанса да бидат најгордите луѓе со тоа што ќе отвараат големи врати на можности пред се за младите.
Дениз Мемеди