Петровски: ВМРО припаѓа за во музеј! А -ДРПМНЕ е за име на партија, и за на избори (без ВМРО).

МИЦКО – ДАСКАЛОТ.

ДРПМНЕ не е ВМРО, туку е револуционерно движење на македонците за време на османлиска окупација, организација каде идеологијата била второстепена а луѓето ги врзувала борбата за слобода (и/или автономија ) на тогашна Румелја – денешна С.Македнија.

Ако знаете малку повеќе историја и ги погледате идеологиите кои биле “актуелни“ 19-ти и почеток на 20-ти век, низ Европа – кај што се школувале и идеолошки се граделе, подоцнежните носители на ВМРО – кога ќе се врателе во Румелија, се гледа дека – поголем дел биле задоени со соцалистички идеи: “ равноправност и еднаква правда на секој граѓанин без разлика кој е и што е“, и сл…

Да, имало и нихилисти (како гемиџиите ), имало и анархисти, комунисти, секако дека имало и десничари, но најчесто десничарските идеи ги носеле ројалистите, испатени или дојдени од Бугарија( по точно од “Бугарскиот двор“), кои , со чесни исклучоци – работеле да ја стават Македонија под “ … бугарската круна“…

Но, поентата ми беше нешто сосема друго, ако имало поента за постоење на ВМРО тоа било до 1945… еве да се сложам и за до -1992г. …
Но, сега ВМРО апсолуно е заеднички дел на ИСТОРИЈАТА на сите граѓани на С.Македонија.

И!

ВМРО припаѓа за во музеј!!!

А -ДРПМНЕ е за име на партија, и за на избори ( без ВМРО).

Инаку е многу апсурдно, и навредливо(!) за нашата славна историја и славните историски дејци, припадници на ВМРО, и нивното историско дејствување…. таму во 19-ти и 20-ти век!

п.с.

И не е само тоа….

Оти сето ова да го напишам – на брзина, произлезе од иритација на еден натпис – каде ЛАТАС ( алиес ТАЛЕС ) му дава епитет на Мицко и го нарекува – ДАСКАЛОТ!

Не знам за вас, но тоа за мене е срамна навреда за ликот и делото на ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ!

Фб статус на Југослав Петровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e