-Ако може да се направи анкета во која сите членови најискрено би кажале дали сметаат дека Мицковски е вистинскиот претседател во кој имаат максимална доверба и кој има најголем лидерски капацитет за партијата повторно да почне да победува, огромен дел од членовите, многу близок до тие сто проценти, ќе ви одговорат со НЕ! – пишува Филип Петровски, член на Иницијативниот одбор, во својата најнова колумна, објавена на порталот 365.com.mk, со наслов „Ќе си оди ли Мицковски.
-Мицковски грчевито се бори да остане на чело на ВМРО-ДПМНЕ, иако самиот изјави дека ако ги загуби изборите, ќе си поднесе оставка. Сега-засега успева во тоа, иако прави секојдневни утки. Како му успева и покрај слабите перформанси, што е тоа што го штити од брзо заминување од позицијата? Постојат три основни фактори:Прво, го штитат луѓето кои се во неговата непосредна околина; вториот фактор – поделеноста во ВМРО-ДПМНЕ; и третиот фактор кој Мицковски сеуште го одржува – Статутот.
Трите „пилари” на кои се потпира претседателствувањето на Мицковски:
– клиентелизмот и полтронството на екипата околу него, т.е. членови на кои има поважно да имаат фиктивна позиција во партијата отколку таа да победува,
–длабоката поделеност на партијата и недоволната иницијатива поделените групи да се обединат,
– недемократските акти на партијата кои максимално ја отежнуваат постапката за предвремена смена на претседателот.
Сепак, и ваков систем на барикади нема да може да го одбрани Мицковски. Како и кај секој троножец, доволно е да откаже едната потпора. – заклучува Петровски.