Петров: За само два-три дена, сѐ она што го планиравме падна во вода, верувам како и кај многу други претприемачи

Го разбирам стравот кај претприемачите.
И јас сум еден од нив.
10 години заедно со тимот на Пи Ворлд, од Македонија организиравме бизнис-настани во 40 земји во светот.
Само оваа сезона, до јуни, имавме над 30 бизнис-настани во план, во Америка, Канада, Швајцарија, Португалија, Србија, Хрватска… За жал бевме приморани да ги откажеме.
За само два-три дена, сѐ она што го планиравме падна во вода, верувам како и кај многу други претприемачи.
Што ќе се случи? Искрено, не знам. Мислам дека никој не знае ни колку ќе трае ова ни кои ќе бидат крајните ефекти.
Но без оглед на сѐ сега, денес, во овој момент, се трудиме да го дадеме максимумот и да се адаптираме на новите времиња. Работиме од дома. Се трудиме да најдеме нов модел на работа. Се трудиме да бидеме иновативни.
Најважно од сѐ, ни на крај памет не ни текнува да се откажеме. Како што сме ги славеле големите успеси на компанијата во минатото, така и сега заеднички ќе ги пребродиме овие тешки моменти.
Ќе го издржиме и ова! Свесни сме дека ќе биде тешко но на крајот сите ќе излеземе многу помудри. Можеби и тоа ќе биде најголемата лекција од овој хаос. Иако сме во самоизолација, сепак човек сам не може ништо во животот. Токму оваа самоизолација е најдобар начин да научиме колку е важно заедништвото и обединувањето со цел исполнување на нашата најважната цел во моментов: зачувување на здравјето на секој од нас. Кризи имало и ќе има, но најважно е да се сетиме дека ништо не трае вечно. Ќе го надминеме и ова, помудри и посилни како поединци и како држава.
ФБ статус на Коста Петров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e