Кога своевремено лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев најави т.н. „бомби“ од кои Греувски ќе „падне“ и дека од срам ќе ја неведне главата, властодршците не веруваа и си мислеа дека, во најдобра можна рака, тој држи само петарда во раката, со која напразно се заканува.
„Бомбите“ на Заев сепак си ја завршија работата. Навистина многу работи во меѓувреме се случија, но ехото на тие бомби сè уште одекнува. После тоа, бомбаштвото стана мода, па секој ден ќе пукнеше некојa, колку за муабет и дневно олајавање по медиуми.
Никола Груевски, како во старите „добри“ времиња, тајно низ разговор си ги „сними“ своите блиски соработници од некогаш, во кој тие ќе му докажат дека сè уште го кријат пред лицето на правдата.
Едноставно за да ги има како доказ дека тој е „чист“. Може сите други да се виновни, но само него да не го мешаат. Него само тоа го интересира, сите во бунар нека влезат само тој својот газ да си го спаси. Еднаш го спаси, ама ако може да го спасува и натаму.
Но бомбата, пардон, петардата што ја спремаше, не пукна. А се надеваше дека со неа ќе куртули од конечна пресуда за плацевите на Водно, мислејќи дека така функционираат работите овде, дека секоја бомба е „добра бомба“ и вреди да биде земена предвид на судот. Но очигледно „оние бомби“ на Заев и овие „бомби“ не се исти. Затоа што ниту тој е истиот.
Целата колумна на Љубиша Николовски за Фронтлајн на следниот ЛИНК.