Перин: Очекував и знаев дека Бугарија максимално ќе го искористи т.н Договор за добрососедство

Ицо Најдовски Перин, историчар и долгогодишен активист за правата на Македонците низ светот, запрашан за коментар за последните услови од Совет на министри на бугарската влада кои се однесуваат на евроинетративните перспективи на нашата земја вели дека истите за него не биле никакво изненадување.

-„Условите на Бугарија кон Македонија за влез во ЕУ за мене не се никакво изненадување. Само ако го земиме во предвид фактот дека во 1991 година Бугарија призна независна држава без да признае Македонски народ и Македонски јазик отворено го кажува континуираниот став на бугарските политики. Потоа судбината на Македонија беше запечатена со Македонско – бугарскиот договор потпишан на 1 август 2017 год. Имено, во тој договор уште во прембулата се вели или велеше дека имаме заедничка историја. Со член 8 од тој договор ја отстапуваме нашата историја, а со член 11 точки 5 и 6  Македонија се откажа од македонското малцинство во Бугарија. На крајот договорот е потпишан на Бугарски јазик и на уставниот јазик на Македонија.“ – вели Најдовски за Ипортал Перин.
Тој нагласува дека овие пропусти од наша страна неминовно предупредуваа и отворено зборуваа дека Бугарија ќе го направеше ова што го направи пред неколку денови.

-„Значи, во прашање беше моментот кога Бугарија ќе ги имплементираше нивните максималистички национални барања. Очекував и знаев дека Бугарија максимално ќе го искористи т.н договор за добрососедство.“ – дециден е историчарот Перин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e