Отчетот на Шилегов VS отчетот на Арсовска

Убаво и едноставно е да се споредат пресовите на Шилегов и Арсовска за нивните први 100, односно 82 дена. Интернет памти све:
Шилегов:
– воведени субвенции за печки на пелети
– 714 нови столбчиња за заштита на тротоарите од возила и ослободени 1км тротоари
– Воведена втора смена во Барака 16
– Воведен софтвер за смс известување на странките на статусот на предметите
– Тројно зголемен буџетот за Животна Средина на градот
– Воведен систем за борба со огнови на отворено – 193 (тимови составени од пожарникар, полицаец, инспектор и социјален работник)
– Ограничено времето за дотур на роба во центарот на Скопје
– Потпишан договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води
– Билатерални средби со градоначалниците на Солун, Тирана, Загреб и Љубљана
– Парите на владата за барокни фасади пренаменети за нови фасади на средните школи.
– За првпат воведен електричен автобус во ЈСП
– Отстранет споменикот на Ќосето пред судска палата
– Повторно отворена автобуската станица во ГТЦ
– Посадени 615 нови дрвја
– Нов режим за возила на Водно (скап паркинг, бесплатен превоз, физички препреки странично од коловозот)
– Повторно отворен музејот на партизански работилници за оружје
– Шилегов е првото официјално лице во полн прием во Атина.
Данела за 82 дена:
– го откажа БРТ и одби 70 милиони евра од централниот буџет
– го откажа украсувањето и новогодишниот дочек
– постави тоифори на кеј и низ градски парк
– не одржа ниту една прес конференција
– престана да одговара на новинарски прашања, една прес конференција за 82 дена.
– ги намали цените на паркингот за 20%
– ја пушти повторно во употреба жичницата на Водно
– постави рампа за колички во сите институции (всушност се работи за блатантна лага бидејќи сите веќе имаа рампи за пристап)
– се обиде да ги врати имињата на Аминта, Тодор Александров, Филип Втори на улиците во градот
– ја запре изградбата на мостот на бул. АСНОМ
– им ја даде Лајка на управување на кучкарите
– го намали буџетот за животна средина за трипати
– го намали буџетот за култура за 2 пати
– воведе одделение за 24 часовно пријавување на проблеми по телефон или е-маил
– исчисти 120 депонии (лага – списокот или мапата никој не ги видел никогаш, а фотографии се објавени од само десетина)
– Воведе зелен бран (веројатно лага, бидејќи ЦУКС системот не дозволува произволности)
– Воведе бројачи на семафорите што не се во системот на ЦУКС (периферни раскрсници, но прашање е дали и таму има ставено)
– Воведе ноќни линии (всушност еден автобус после последниот во 10)

ФБ статус на Никола Наумоски  

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e