Ви текнува на времето по падот на режимот и доаѓањето на новата влада на Заев во јуни 2017, кога јаки истражувачки новинари и редакции со месеци се занимаваа со „пиарчиите“ на Заев и „ухлебените“ по институции?
Ви текнува дека еден куп редакции и новинари бараа списоци на ангажирани и нивни биографии, информации за плати и договори (и ги добиваа најтранспарентно), пишуваа и спружуваа, па дури и на конференции се дискутираше за „феноменот“?
Е па, еве трет месец поминува откако ВМРО-ДПМНЕ (и Левица) освоија над 40 општини, а стотици партиски активисти се „ухлебија“ како советници, „пиарчии“, хонорарци…
Прашува некој од јаките истражувачки новинари и редакции за нивните биографии? Се бараат ли сега списоци на новите ангажирани? Се буни некој за тоа што овие податоци не се транспарентни и не се објавуваат? Сте прочитале некоја истражувачка сторија, сте виделе ли прилог на телевизија на оваа тема?
Нема ништо од тоа. Нула, зилч, штурци. Толку од балансот и објективноста. Јавете ако се појави нешто такво, о-ќеј?
ФБ статус на Петрит Сарачини