Откако преспавме сите, ајде со ладни глави да резимираме…
Партнерите од владината коалиција на ланските избори излегоа со ВЛАДИНА ПРОГРАМА и добија мандат од народот (2020-2024) да ја спроведат таа програма и водат ВЛАДА!
На вчерашните комунални избори опозицијата доби мандат (2021-2025) од граѓаните во повеќето општини да метат и асфалтираат улици, да собираат ѓубре, да садат цвеќиња покрај булеварите и да градат канализации.
Едни со други избори немаат врска.
Затоа, откако сите владини партнери по денешната средба со актуелниот премиер потврдија дека владиното мнозинство е стабилно и нема потреба од нови парламентарни избори а за ново парламентарно мнозинство не станува ни збор, тогаш караванот треба да продолжи да си врви. Имаме многу работа што треба да се заврши за да државата ја поставиме на шините од кои враќање назад, нема!
ФБ статус