Новата Влада посветено работи на решавање на сите проблеми со кои се соочуваат земјоделците

Развојот на земјоделството е еден од клучните приоритети на новата реформска Влада. Ве инфомрирам дека, рокот за аплицирање за дополнителната субвенција од шест денари за килограм за предадени праски во индустрија заврши вчера. По добиените податоци и анализи на терен, ќе направиме проценка дали е потребно продолжување на мерката. Вчера заврши и аплицирањето за штетите од невремето што ги зафати одредени региони во земјава, следната недела очекуваме резултати.

Паралелно се прават анализи на проблемите со откупот на бостанот, и за брзо ќе излеземе со конкретен ангажман.

Денеска ги слушнав и проблемите на претставниците од земјоделските задруги, 11 години напластени проблеми, веднаш го задолжив мојот тим да пристапи кон изнаоѓање мерки за решавање на проблемите на задругарите. Новата Влада посветено работи на решавање на сите проблеми со кои се соочуваат земјоделците. Резулатите се видливи, и покрај сите опструкции од кадрите на ВМРО ДПМНЕ, го исполнив ветувањето за исплатата на околу 25 милиони евра субвенции за тутунопроизводителите, парите стигнаа кај земјоделците, потенцира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e