Има ли надеж дека ќе се променат односите во македонската политика по неделниот избор на лидерите во двете најголеми партии? Има ли надеж за граѓаните во поделеното општество дека политичките ривали ќе бидат малку покултивирани во нивната меѓусебна битка на идеи, програми и визии? Одговорот тешко дека ќе може да биде позитивен.
Светските медиуми од утринава ја пренесуваат веста дека Димитар Ковачевски е на патот да стане премиер на Македонија по неговиот избор за лидер на СДСМ. Интересот за оваа промена во владејачката партија е логичен, затоа што Зоран Заев стана фамилијарно име во европската политика по неговите храбри чекори за склучување договори со соседите, нешто што изгледаше речиси невозможно.
Логично е и што немаше ниту збор за за новите четири години на Христијан Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ. За „континуитетот“ на водачите во опозиција во мала земја како Македонија никој не пишува. Тука нема ништо чудно.
………
Во подолгиот говор вчера по неговиот избор за уште четири години на чело на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека „во целиот мој говор не ги искоментирав Зоран Заев и СДСМ никаде. Тоа е затоа што се надевам дека ќе се променат и дека ќе сфатат дека на народот му е доста од поделби и конфликти, туку потребни се напредок и работа“.
Мицкоски се надева дека луѓето од СДСМ ќе се променат, затоа што на народот му било доста од поделби и конфликти, а во исто време оние од ВМРО-ДПМНЕ да останат исти. Затоа изгледаа совршено лицемерно овие негови зборови кога веднаш по објавувањето на резулатите од непосредните избори во СДСМ, неговата партија ВМРО-ДПМНЕ објави соопштение во кое напиша дека имало „траорна атмосфера во СДСМ… Ковачевски е пион на Зоран Заев преку кој ќе продолжи да опстојува заевизмот… Ковачевски како преку индиго ги употребува истите зборови, истите флоскули и празни ветувања на губитникот Зоран Заев“. Слично соопштение партијата испрати и денеска утринава.
Па кому тогаш да му верува обичниот македонски граѓанин – на зборовите за „заеднички патриотизам“ на Мицкоски, дека е доста од поделби и конфликт, или на соопштенијата полни со политички отров што ги испраќа партијата чиј претседател е.
Целиот текст на Љупчо Поповски за Независен на следниов ЛИНК.