Која е логиката на ВМРО-ДПМНЕ со денешната коцкарска анкета? Кога ќе им излезат скандалите инсталирани од претходниот режим – становите на Водно, аферата „Титаник“ – прават лажни анкети дека тие се најдобри, најумни и најпаметни во државата, и само што народот не им се фрлил во прегратка.
Така, драги пријатели, работи популистичко-авторитарна партија. Легитмно, некој ќе рече, и уште може да рече: ние ќе правиме како што ние сакаме, и шлус! Добро, и тоа е легитимно, ама мошне опасно. Во што е опасно, море, Јовановиќу? Опасното е во лажењето.
Анкетата која утрово излезе, како слон се гледа дека ја прилагодиле во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓутоа, тоа воопшто не е никаков проблем. Неволјата има сосема начелна природа која ќе произведе многу реални последици.
Имено, не е овде во игра дали со оваа држава ќе владее СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, туку самата смисла на претставничката демократија. Не може никој да оди против неа, не може да се коцкате со шашави анкети, не може да јуришате и да се зафркавате со граѓаните и народот како да сте на фудбалски натпревар. Вие можете, да, начелно, ама губитништвото однапред ви е запишано.
И затоа денешната коцкарска анкета е обична коцка која не требало ниту да започне. Еве еден практичен пример.
Целата колумна на Ненад Јовановиќ за Фронтлајн на следниот ЛИНК.