Николовски: Тоа што го дадовме како ветување кон лозарите од тиквешкиот регион, денеска е реализирано!

Тоа што го дадовме како ветување кон лозарите од тиквешкиот регион, денеска е реализирано!

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска исплати над 1 милион евра на 6.240 лозари, за дополнителната субвенција од 1 денари за килограм предадено грозје во регистрираните винарски визби.

Со оваа исплата се комплетира исплата на субвенциите за лозарството за 2018 година. Пред почетокот на новата производствена сезона се исплатија 9 милиони евра за одржување на лозови насади, државата го исплати долгот што винарските визби Повардарие, Стефани и другите регистрирани винарници го имаа кон лозарите со што се реши еден долгогодишен проблем што ги мачеше лозарите од тиквешкиот регион.

ФБ статус на Љупчо Николовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e