„СДСМ ќе го поддржи и ќе гласа ЗА предлог законското решение за управување со отпад“, напиша на својот ФБ профил генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.
„Здрава животна средина, здравјето на нашите сограѓани и чистиот воздух, се на врвот на нашите приоритети“, порача Николовски.
На иста линија е и ставот на Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.
„СДСМ како одговорна партија се грижи за заштита и унапредување на животната средина, и со тоа за заштита на здравјето на граѓаните. Изминатиов период се преземени низа мерки преку кои го унапредивме тој процес, а во периодот што следува посебен фокус ќе имаме на прашањето на управување со отпадот. Ги решаваме проблемите кои ги наследивме од негрижата на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, порача Митревски.