Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, застана во одбрана на премиерот Зоран Заев по неговата изјава дека нема да дозволи „криминалци, еден суетен новинар и еден педер“ да ја урнат владата. Николовски на Фејсбук напиша дека „кога човек е борец и успева државата да ја води напред, тогаш криминалците и непријателите ќе се здружат против напредокот“.
“Да не беше Зоран Заев уште ќе траеше борбата за слобода и демократија.
Ќе бевме заробена и изолирана држава. Ќе владееше стравот и молкот а медиумите и судството уште повеќе поклопени од режимот.
Да не беше тој немаше да имаме премиер што одговара на секој, што ги слуша сите, што има трпение и храброст за секоја потреба и цел на граѓаните.
Да не беше тој денес немаше да бидеме земја – светол пример, пред влез во НАТО и пред вратата на ЕУ.
И кога човек е борец и успева државата да ја води напред, тогаш криминалците и непријателите ќе се здружат против напредокот.
Граѓаните секогаш ќе ја изберат правдата и државата а не мафијата.
Светлата иднина а не мрачното минато. Затоа ќе успееме!”
Фејсбук статус на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ