Нешовски: Никој на администрацијата не и бараше 10 гласачи на список, 20 за раководители, немаше гласачи од Пустец…

Се осеќам ко Швеѓанин. Значи вакви се тие скандинавски, мирни, фер избори? Потврдено од сите – позиција, опозиција, ОДИХР, амабасади – сите викаат супер беше.
Затоа и паѓаат во вода сите анализи за споредба на освоените гласови за време на изминатите избори или за излезноста. Никој на администрацијата не и бараше 10 гласачи на список, 20 за раководители, немаше гласачи од Пустец, немаше плаќање гласови, брашно не се делеше, тепачки немаше, немаше агитација на гласачки места, групно гласање, транспорт на гласачи, немаше „прати му инспекција“, „затвори му го дуќанот“, „блокирај ги лифтовите“, немаше влијание врз судии за жалби, немаше издавање фалсификувани лични карти. Немаше местење во ДИК – за што осудени се четворица членови на ДИК. Впрочем и за повеќето работи што што ги набројав погоре.
Затоа не правете споредби – нереални се бројките.

ФБ статус на Валентин Нешовски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e