-Jас не сум чул дека досега некој формирал Влада или избрал претседател со апстинентски гласови. Или со неважечки ливчиња на кои е напишано Мики Маус или Гоце Делчев или Роџер Вотерс. Или пак дека некој некаде на овој начин предизвикал промени. Неважечките ливчиња се неважечки веднаш и засекогаш. Тие не влијаат на промените. Ако не гласате, секако ќе победат оние другите кои беспоговорно гласаат на копче, бидејќи се во добро организирани табори лево или десно. Ќе продискутираат малку на темата зошто имало толку и толку неважечки ливчиња, и ако има макар и мал цензус ќе си продолжат понатаму.
Ја разбирам јас, но во ова општествено уредување и во моментот пред избори ја сметам за несоодветна, дебатата за резигнираност од либералната демократија, фенси пренемагањето (затоа што е без учество )за неправедноста на системот, или детачираноста од стварноста па логицирањето „не јас не ги можам“, „јас сум посебен и не учествувам“, и модата „хм, ќе ги казнам пошто не ми го направија тротоарот, и не возат електрични тротинети “. Немам толку разбирање за ултралевичарските противници на претставничката демократија како некаква буржоарско/аристократска измишљотина или за десничарските ултраши кои сонуваат за протофашизоиден сталешки начин на избор. Но ич не ги разбирам апстинирањето или бојктотот како казна или давање жолт картон. Зошто? Е па затоа што пак ќе победи некој, сега или за неколку месеци со нови потрошени 6 милиони евра за организација на нови избори и потрошено време за празни дебати на истити екипи на политичката сцена. И после, речиси сигурно, ќе победи оној што најмалку ви се допаѓа. Е па после, извинете ама барем за на муабет во кафана, немате право да се жалите, драги другари и браќа од резигнирантското миље распослано преку телевизорот.
Живееме во систем наречен плурална парламентарна демократија. Во неа, неговото височество граѓанинот, еднаш на 4 или 5 години, со сите свои фрустрации од незадоволство или со восхит од од актуелните политики, излага наутро и гласа. И вика „сиктер“ или „ашколсун“. И така непосредно одлучува.
ФБ статус на Валентин Нешовски