Нема преговори со ЕУ без СЈО

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ерол Ризаов за Независен:

-Натамошната непречена работа на Специјалното јавно обвинителство со уште поголеми ингеренции и овластувања во гонење на организираниот криминал и корупција во врвот на секоја власт и на недопирливите моќници станува главен предуслов за отпочнување на преговорите со ЕУ. Ова е добрата вест. Сè друго во врска со судбината на СЈО е лоша, ептен лоша работа. Големи се силите и од лево и од десно, од носителите на организираниот криминал, од политичари што седат на обвинителна клупа, во притвор, избегани во странство, но и во собраниските и државните и фотелји, во Владата, во Врховниот суд и други судски и политички спреги, во бизнис-асоцијациите, во општините, во партиските штабови, кај старите и новите мафиози, да се задуши големата надеж за владеење на правото, да се сотре СЈО, да се врати гангстерскиот режим управуван од политиката. Деновиве во Собранието ќе се открива вистината што сите ја знаеме – кој е за тоа Северна Македонија да биде правна држава, а кој е за спречување на правдата.

Во парламентот народните избраници треба да гласаат со двотретинско мнозинство, иако би било несфатливо да не е едногласно, кој е за поддршка на арамилакот и непречениот грабеж на граѓаните, а кој е за тоа да ги стаса праведна казна и тие што се на највисоките функции ако го кршат законот и се богатат алчно на сметка на граѓаните. Бидете внимателни ако сакате да ги препознаете кој за што се определува оти сите на глас ќе викаат – „Држте го лоповот“ – сите бараат остри казни против криминалот и корупцијата и еднаквост пред законите. Арно ама, штом почнат да врескаат дека СЈО ги гони само нивните арамии и криминалци, кои патем се и натаму партиски икони и наредбодавци од една страна, а од друга тие што наводно го поддржуваат СЈО мудруваат дека има законски пречки за негова непречена работа, дека на голема жалост, а во суштина радост, истекува рокот за гонење на криминалците и слични глупости со цел СЈО да се претопи во редовно јавно обвинителство под контрола на власта. Тоа значи, бидете сигурни, работата е да се озакони престанокот на гонење на организираниот криминал и корупцијата, што е најнов државен удар врз правдата и на владеење на правото.

Целата колумна на Ерол Ризаов на Независен на следниот ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e