Ако во 80-тите во Кочани се сееле по околу 6 илјади хектари ориз, сега таа површина изнесува околу 4 илјади хектари.
Половина од ланската произведена реколта на оризова арпа стои непродадена во магацините на производителите. Иако од ДПМНЕ ветија дека ќе откупат арпа за стоковите резерви, таа уште не е откупена.
Деновиве треба да почне овогодишната сеидба на ориз. Каналите за наводнување не само што не се исчистени и обновени, нема ни доволно вода во акумулацијата Калиманци. Во Калиманци има околу 50 милиони кубни метри вода, што е половина од нејзиниот капацитет.
Земјоделците ги чека рестрикции на вода.
Ова значи дека ќе има намалување на посеаните површини од лански 4 илјади хектари на пола.
Нема пласман, нема откуп за стокови резерви, нема вода.
ФБ став на Никола Петров