Не поучна лекција од Мициленд
Мамо, тато, што е скандинавска ренесанса?
Добро бе сине, пак си сурфал по владини портали, земи читај нешто паметно…
Види вака, “скандинавска ренесанса“ не е ниту уметничко движење, не е ниту научно-литературно движење. Тоа е локален феномен и има повеќе значења, и тоа:
– површно познавање на работите и вистинска ренесанса од бисери;
– купување локални избори со кинески пари, испрани во Унгарија;
– реинкарнација на врховизмот;
– брукање пред светот;
– наоѓање оправдување за сѐ и сешто, и бегање од одговорност;
– опсесија со анкети, наместо решавање на реалните проблеми;
– колку повеќе се води на анкети, толку поголема ренесанса во обезбедување околу “скандинавците”
– интерес само за оние што ги гласаат, наспроти сите граѓани;
– партиската идеологија има ренесансна пазарна цена;
– неисполнети ветувања, коишто уште поробустно се ветуваат – во стилот на скандинавската ренесанса “Не памти што сум ветил, пак ќе го ветиме поробустно” односно “Не гледај што правам туку што зборувам”.
Се јавува во земји подложни на режим, каде молкот доминира…
ФБ став на Јани Макрадули